Ова е веројатно еден од најбрзите рецепти за приготвување на одличен домашен и страшно вкусен рецепт за мајонез и тоа само од млеко и масло. Обидете се ќе видите дека е вистина.

Но претходно, важно е да се знае:

1. Односот на млекото и маслото треба да биде 1:2 ( на пример: 50 мл млеко и 100 мл масло, или 100 мл млеко 200 мл масло).
2. Млекото и маслото треба да бидат на собна температура. Според тоа пожелно е смесата од масло и млеко да се остават барем половина саат на собна температура.
3. Во направениот мајонез може да се стави малку куркума, мајонезот ќе добие убава жолта боја.
4. Во направениот мајонез може да додадете било каково зеленко, магдонос, копар, oригано, рокола, а може и џумбир во прав. Со овие додатоци само го подобрувате вкусот на мајонезот.
5. Што се однесува до маслото, може да се исползува секакво масло, маслиново, пченкарно, сончогледово или дури и нивна смеса, но при тоа треба да се запази соодносот со млекото.
6. Ако мирисот на лук не ви го бендисуваат, слободно може да се изостави.
7.Доколку сте на пост, можете истиот мајонез да го припремите со млеко од соја.

Домашен мајонез без јајца

By Лиле Андреева Published: September 10, 2015

  • Prep: 10 mins

Ова е веројатно еден од најбрзите рецепти за приготвување на одличен …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на мајонезот1.Млекото и маслото се сместуваат во висока широка чаша и со штапен миксер, на најголема брзина се мати околу една минута.
  2. Подготовка на мајонезот2. Веднаш се забележува како смесата добива конзистенција на мајонез. Потоа се додава сенфот, солта шеќерот, сокот од ½ лимон, згмечен лук и се продолжува да се миксира.
  3. Домашен мајозне без јајца3.Мајонезот е готов. По желба се додава мелен црн пипер, сечкан магдонос или некое друго зеленко.