Едноставен и предобар рецепт со кој веке не размислувам дали да направам Cheesecake или не. Секогаш токму овој крем ми бил пречката да спремам од две причини – или го нема или ако налетам на него…премногу е скап. Овој рецепт ми ја разреши дилемата.

Кога почнете да го спремате, ке видите дека првиот ден ништо посебно не се десило, вториот ден веке ке забележите дека се фатило како кисело млеко па дури и се одделило (веке како што велам јас – се оцвичило), третиот ден веке наполно фатено. Па нека ви е на дофат овој рецепт и никој нема да се покае затоа што ќе ве врти од продавницата само ако сте намислиле да купите АБЦ намаз… сетете се на овој рецепт.

Јас секогаш го спремам од по 1/2 л. млеко и ми излегува точно 430 г крем – а доколку млекото е помасно… верувам тогаш и количински ќе е повеке. Користам домашно кравјо млеко

НАПОМЕНА: Оцет се става само таа 1 лажица како што е напишано во рецептот, потоа само се долева млекото во садот. Сите овие три дена млекото се чува на собна температура. Можеби ке ви се чини дека е претопло да се чува така млекото на собна температура поради горештините, но не се секирајте… топлината дури е од помош на млекото и нема д асе расипе. Првиот ден кога ке го отворите садот ке помислите дека нешто не е во ред… ниту се фатило, а има некој чуден мирис… но следните два дена при дотурањето на преостанатото млеко… се ке си дојде на свое место. Сега во зимниот период, понашајте се со млекото како кога квасите кисело млеко.. мора да му е топличко на млекото за да успее крем сирењето.

Домашно крем сирење

By Лилјана Илиева Published: February 26, 2013

    Едноставен и предобар рецепт со кој веке не размислувам дали да направам …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се вари 1 литар млеко и се остава да олади. Кога е веке млако, се става во него 1 лажица алкохолен оцет. Се остава да стои 24 часа.
    2. 2.После овие 24 часа му се дотура уште 1 литар варено и млако млеко - се промешува и пак се остава да одстои 24 часа.
    3. 3.Истата постапка ја повторуваме уште еднаш - значи пак долеваме во садот уште 24 часа, промешуваме и оставаме следни 24 часа.
    4. 4.Откако изминале и овие 24 часа, го ставаме веке добро фатеното млеко во газа да се цеди. Кога е добро исцедено се вади од газата, се става во сад, го осолувате по ваш вкус и го миксате.
    5. 5.Соберете во тегла или од вас избран погоден сад... и право во фрижидер.
    6. 6.Со вака спременото сирење можете да правите и слатки и солени пецива, а секако да го користите и како намаз.