Кога првпат пробав да го подготвам овој сладолед, бев скептична, нема јајца, млекото првин се замрзнува па се додава во шлаг пената…. Денес ми е омилен, лесен е, освежителен е, вкусен е и многууу кремаст…
Домашен овошен сладолед
By August 31, 2013
Published:Кога првпат пробав да го подготвам овој сладолед, бев скептична, нема …
Ingredients
- 1 л млеко
- 350 г шеќер
- 1 кесичка лимонска киселина
- 3 кесички шлаг крем од ванила
- 370 г млеко (за шлаг кремата)
- 300 г свежо или замрзнато овошје
- 1-2 лажици шеќер (по желба)
Instructions
- 1.Млекото измешајте го со шеќерот и лимонска киселина. Смесата ставете ја во ладилник неколку часа или преку ноќ за да се замрзне.
- 2.Овошјето, доколку е смрзнато, одмрзнете го и изблендирајте го. По желба, ставете неколку лажици шеќер.
- 3.Шлаг кремите подгответе ги според упатството на кесичката. Матете се додека не добиете поцврст крем.
- 4.Во шлаг кремата, постепено, додавајте од смрзнатото млеко.
- 5.Во пластичен сад, погоден за смрзнување, ставете неколку лажици од сладолед, па лажица од овошјето. Постапката повторете ја се додека не потрошите се.
- 6.Сладоледот оставете го во ладилник да се замрзне. Сервирајте го со парчиња свежо овошје.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна