Дали сте знаеле дека кикириките се едни од најпознатите хранливи продукти. Тие содржат од 50% масла и 25% протеини. Во кикириките има повеќе протеин отколку во повеќето видови на месо. На пример, кикириките содржат поголем број на минерали и витамини одошто во говедско црниот дроб, па затоа тие се омилена храна на вегетаријанците и фото моделите. Поради високата содржина на прехранбени влакна, тие даваат чувство на исполнетост. Го снабдувааат човечкото тело со масни киселини, кои пак ја подобруваат меморија. Тие се идеален извор на енергија, особено се корисни за луѓето кои избегнуваат холестеролот, бидејќи кикириките, како растителен продукт, НЕ СОДРЖАТ ХОЛЕСТЕРОЛ.

Токму затоа, ви предлагам еден мноооогу едноставен рецепт за домашен путер од кикирики, барем ќе знаете што јадете.

Домашен путер од кикирики

By Мама Лиле Published: June 18, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 30 mins

Дали сте знаеле дека кикириките се едни од најпознатите хранливи …

Ingredients

  • 200 г кикирики (непечени или печени, лупени и несолени)
  • 3 лажици мед
  • 4-6 лажици масло (сончогледово или маслиново, на најдобро е масло од кикирики)
  • малку сол

Instructions

  1. Кикирики1.Ако кикириките се непечени, тогаш тие се печат, се оставаат да се оладат и им се отстранува лушпата (ова е најмачниот и најдолгиот дел).
  2. Блендирани кикирики2.Излупените кикирики и солта се ставаат во блендер и се блендираат.
  3. Додавање на масло и мед3.Потоа се додава маслото и медот и се продолжува да се блендираат додека се добие убаво хомогенизирана и мазна смеса.
  4. Путер од кикирики4.Ако се добие густа смеса која тешко се блендира тогаш слободно додадете уште 1 или 2 лажици масло. Се чува во затворен сад, на темно место.