Има ли некој што не ги знае предностите на одгледување на растенија во домашни услови? Салатите и свежиот зеленчук се повеќе од вкусни, а секое јадење во кое се додадени свежи зачини дефинитивно добива посебен идиличен шмек. За жал, не сите имаат услови за одгледување на домашна градина, особено во градовите каде сме затворени во мали и тесни станови. Згора на тоа, одгледувањето на билки бара континуиран труд и нега (тие треба да се наводнуваат, да се хранат со ѓубрива, да се чисти коровот, да се прскаат против штетници и што ли уште не), а малку се оние кои имаат време и волја да го прават сето тоа.

Компанијата АероГарден  се погрижи да го реши и овој проблем. Нивната домашна компактна градинка може да се смести буквално во било која кујна, а овозможува лесно одгледување на салати, зеленчуци, зачини, цвеќиња, без многу мака и без неред. Машината користи технологија одобрена од НАСА, а има вградени светла, автоматско наводнување и автоматско хранење на билките, што им овозможува да растат побрзо и поздраво од било кои растенија кои се одгледуваат во почва.

Затоа, ако живеете во стан, а сакате свежиот и чист зеленчук да биде составен дел од вашите салати и јадења, набавете си ја оваа саморастечка, автоматизирана “саксија“. Ем ќе јадете здраво и свежо, ем ќе бидете во тренд со новите технологии.