Нема подобра кујна од домашната. Секогаш знаете што состојки сте ставиле и што вкус да очекувате. Со оваа чоколадна бонжита нема дилеми. Само најдоброто затоа што тоа вие и го заслужувате. Превкусно деликатес парче енергија за прави сладокусци.
Домашна чоколадна бонжита
By October 8, 2012
Published:Нема подобра кујна од домашната. Секогаш знаете што состојки сте ставиле …
Ingredients
- 40 г експандиран интегрален ориз
- 140 г суви кајсии
- 150 г мешано суво овошје (смокви и сливи)
- 100 г лешник и бадем
- 100 г темно чоколадо
- 140 г мед
- 30 г кафеав шеќер
- 40 г путер
Instructions
1.Овошјето, бадемите и лешниците исечкајте ги на парченца. И чоколадото исечкајте го на ситни парченца. Во сад, стопете го путерот со шеќерта и медот.
2.Во поголем сад ставете ги сите состојки. Истурете го стопениот мед и мешајте се додека се добро не се соеднини.
3.Тавата обложете ја со алуминиумска фолија. Истурете ја целата смеса, добро распоредете ја и притиснете ја.
4.Домашната бонжита оставете ја да се олади. Кога е оладена, исечете парченца и сервирајте.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна