Неверојатно е колку се менува вкусот на пицата ако е печена на дрва и ако не е, нели? Всушност јас, како екстремно голем познавач на пиците, со сигурност тврдам дека пицата што не е печена на дрва и не е пица во вистинска смисла на зборот. Фали нешто и тоа ти е. А да ви кажам сум пробала едно милион пати со различни финти да го добијам тој посебен шмек, и не оди, па не оди.

Е сега, каде бе (а богами и како!!!!) јас во ова мое станче да ставам уште фурна за пици на дрва!!! Невозможна мисија! И како резултат, морам да се задоволувам со нешто приправено – да изгледа како пица, и да има приближен вкус на пица! Ах, нели мислите дека сум за жалење?

Туку, имало решение и за тоа, замислете! Компанијата Uuni дошла до револуционерно откритие кое ви овозможува да си имате оригинална фурна за пици дома! Малечка е (12 x 36 x 48 cm), работи на пелети и дава совршено испечена пица за околу 3 минути! Можете да си ја нарачате овде, а чини само 180 фунти! Е некои работи навистина вредат!

http://uuni.myshopify.com/products/pre-order-uuni-wood-fired-pizza-oven