За правите љубители на италијанската кујна, денес на менито имаме една наша верзија на сочна калцона (или како македонците љубат да ја нарекуваат „затворена пица“. Тестото се подготвува на стандарден начин, додека за филот може да искористите се што ќе ви се најде при рака.

Домашна италијанска калцона

By Тетка Биберче Published: June 17, 2012

    За правите љубители на италијанската кујна, денес на менито имаме една …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во подлабок сад ставете 100 мл млака вода, додадете малку брашно и ½ лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне.
    2. 2.Во друг поголем сад ставете го остатокот од водата, исто така млака, додадете го брашното и маслото за готвење и убаво измешајте.
    3. 3.Кога ќе нарасне квасецот, додадете го и тоа во смесата со брашно и измешајте (со бавни и нежни движења). Тестото треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат калцоните. Ако ви недостасува течност, слободно додадете малку млака вода.
    4. 4.Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.
    5. 5.Фил: Пропржете го меленото месо со малку сол, бибер а потоа додајте го и исечканиот кромид. Доматниот сос зачинете го со малку бибер и оригано.
    6. 6.Стасаното тесто поделете го на 4 дела и обликувајте топчиња. Растегнете ги топчињата како за пица во кружна форма со дебелина од околу 3 мм.
    7. 7.Целото тестото премачкајте го со доматниот сос во тенок слој за да не претече и притоа пазете да не ставите на краевите. На една половина од тестото ставете го филот од меленото месо, куленот и кашкавалот.
    8. 8.Преклопете го тестото со другата половина и притиснете на краевите и оставете ги да одморат (да нараснат) уште барем 30 минути.
    9. 9.Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени, измешајте го јајцето со малку масло (за сјај) и мачкајте ги калцоните непосредно пред печењето . Печете околу 25 минути (додека не добијат убава боја).
    10. 10.Пријатно јадење!