Уште еден интересен пијалок од барот на Мигусто. Лимонада со праски. Едноставно за приготвување, 100 % природно, здраво освежувачко коктелче. Задолжително дегустирајте!

Лимонада со праски

By Гастронаут Published: July 16, 2013

    Уште еден интересен пијалок од барот на Мигусто. Лимонада со праски. …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на праските1.Исечкајте ги праските на парчеца. Исчистете ги од семки. Заедно со шеќерот и две шолји вода ставете ги во сад за готвење.На тивок оган варете околу 5 минути. Откако содржината ќе проврие оставете ја да се олади.
    2. Подготовка на лимонадата2.Во меѓувреме исцедете ги лимоните. Од осум лимони ќе добиете околу 3/4 шолја лимонов сок. По желба можете да исцедите и повеќе. Оладената смеса од праски префрлете ја во пластичен сад, додате го лимоновиот сок и двете преостанати шолји вода. Промешајте
    3. Готова лимонада со праски3.Сервирајте во убави стаклени чаши, со декорација од лимонова кришка и парченца свежо нане. (од овие состојки добивате 3 до 4 чаши) На здравје!