Зар има нешто подобро од палачинки со Нутела крем? Има:)! Палачинки со домашна Нутела. Еве еден сладок рецепт за највкусниот чоколаден крем со кој ќе ги импресионирате вашите пријатели. Мјамииии.
Домашна Нутела
By November 21, 2013
Published:Зар има нешто подобро од палачинки со Нутела крем? Има:)! Палачинки со …
Ingredients
- 1 чаша лешници (непечени и несолени)
- 350 грама чоколадо
- 2 лажици масло за готвење
- 3 лажици шеќер во прав
- 1 лажица какао за готвење
- ½ лажица екстракт од ванила
- прстофат сол
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Лешниците распоредете ги во еден слој на хартија за печење и печете ги во загреана рерна 12-тина минути. Кога ќе добијат кафеава боја и лушпата ќе се оддели од нив, значи дека се готови.
- 2.Веднаш штом ќе ги извадите од рерна, со помош на чиста крпа отстранете им ги лушпите и оставете ги да се изладат.
- 3.Во меѓувреме, стопете го чоколадото на пареа или во микровална печка. Мешајте се додека не добиете компактна маса и оставете ја да се поолади.
- 4.Изладените лешници измелете ги најмногу што можете (се додека не се претворат во ситен прав). Потоа додадете масло, шеќер,какао за готвење, ванила и малку сол. Заедно мешајте се додека не добиете еднолична смеса.
- 5.Со помош на миксер, во смесата од лешници додавајте по малку од растопеното чоколадо. Миксирајте се додека смесата не се соедини и добие мазна структура.
- 6.На крај, ставете ја Нутелата во тегла и бидете трпеливи додека се олади. Домашната Нутела има рок на употреба до две недели. Сигурни сме дека ќе изедете пред да и помине рокот на употреба.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна