Пастрмајлијата во Македонија е карактеристична за Велес, Св. Николе и Штип. Името и доаѓа од зборот „пастрма“, што значи солено, сушено месо. Постојат повеќе верзии во зависност од регионот каде се подготвува, може да биде и со овчо месо, сирење и јајца. Ние приготвивме една наша Мигустовска верзија која сме сигурни ќе ви се допадне.

Домашна пастрмајлија

By Тетка Биберче Published: November 17, 2013

    Пастрмајлијата во Македонија е карактеристична за Велес, Св. Николе и …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Местото исечкајте го на ситни коцки, зачинете го со сол, црн пипер и црвен пипер и намастете го. Оставете го во фрижидер барем неколку часа, а може и преку ноќ.
    2. 2.Во сад имешајте го брашното, заедно со водата, маслото, свежиот квасец и ставете лажичка сол и две лажички шеќер. Замесете тесто и оставете го најмалку еден час добро да нарасне.
    3. 3.Откако добро ќе нарасне тестото поделете го на шест еднакви делови и направете топчиња.
    4. 4.Секое топче најпрвин малку исукајте го со оклагија, а потоа со раце раширете го водејќи сметка да оствате барем половина сантиметар од краевите на тестото.
    5. 5.Кога ќе добиете доволно голема ширина истегнете го тестото за да добиете долгнавеста форма.
    6. 6.Месото поделете го на шест делови. Врз секоја расукано тесто ставете месо, наросете сирење и распоредете по малку свинска маст.
    7. 7.Печете на 220 степени во загреана рерна се додека кравеите не добијат златно кафена боја.