Ако често во моментите кога нема што да каснете посегнувате по лепче и паштета, ова е правиот рецепт за вас. Домашна пилешка паштета повкусна од секоја која може да се купи во маркет. Убав апетит.
Домашна пилешка паштета
By December 21, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 45 mins
Ако често во моментите кога нема што да каснете посегнувате по лепче и …
Ingredients
- 450 г пилешки џигер
- 500 мл млеко
- ½ главица кромид (исечкан)
- 1 чешне лук
- 1 ловоров лист
- 450 мл бело вино
- 110 г путер
- малку сол, црн пипер, вегета
Instructions
1.Пилешкиот џигер исечете го, измијте го и ставете го во сад полн со млеко. Оставете го да се маринира барем еден час. Исцедете го.
2.Во подлабок сад за готвење, ставете го џигерот, додадете го сечканиот кромид и лук како и ловоровиот лист. Сипете бело вино колку да ги покрие состојките.
3.Оставете да зоврие виното, па потоа крчкајте го џигерот на тивко уште 10 минути. Тргнете го од оган и оставете го да се олади.
4.Оладениот џигер, префрлете го во блендер, зачинете со сол и црн пипер, ставете го путерот и блендирајте.
5.Готовата паштета префрлете ја во помали садчиња и сервирајте во комбинација со кришки домашно лепче. Добар апетит.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна