И тоа е можно, а според производителите, производството на домашно пиво со “Личната пивара“ и не бара козјнае колку труд. Велат дека правењето на домашно пиво е како пишување на роман – сите би сакале да го направат тоа, ама кога ќе им текне колку работа има во целиот процес се откажуваат дури и пред да започнат. Исто е и со пивото. Односно беше така додека компанијата WilliamsWarn од Нов Зеланд не ја промовираше својата домашна пивара со која можете да направите пиво со комерцијален квалитет и тоа за само 7 дена.

Компанијата тврди дека со оваа машина се решени голем број на предизвици поврзани со производството на домашно пиво како што се карбонизацијата, контролата на температурата и чистината, односно јаснотијата на пивото. Машината вклучува неколку делови кои ги решаваат сите овие проблеми, а освен тоа има и дел за точење на пивото кој ви дозволува веднаш да си наполните кригла изладено пиво.

Се што треба корисниците да направат е да потрошат околу 90 минути за чистење и стерилизација на системот и за додавање на потребните состојки. Седум дена после тоа, корисниците можат да уживаат во 23 литри свежо и домашно пиво. За жал, моментално новата машина е достапна само во Нов Зеланд, но производителите планираат наскоро да го  освојат и американскиот пазар. Инаку, цената на машината за правење на домашно пиво е околу 4,5 илјади долари.