Доколку сте љубител на урда, или пак имате малку млеко кое е застоено и не може повеќе да се користи, никако не го фрлајте. Додадете уште малку свежо млеко и направете си домашна урда или крем сирење за мачкање.

Домашна урда Recipe

By Гастронаутка Published: November 20, 2012

    Доколку сте љубител на урда, или пак имате малку млеко кое е застоено и не …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Млекото се става да зоврие, а непосредно пред да зоврие, се намалува температурата на минимум и се додава лимонтусот со постојано мешање.
    2. 2.Млекото ќе почне да се згрутчува, а во тенџерето ќе се појави жолто-зелена течност.
    3. 3.Доколку течноста е млечно бела (со зеленкаста нијанса), тоа значи дека млекото не е доволно згрутчено и треба да се додадат уште неколку зрнца лимонтус.
    4. 4.Тенџерето се трга настрана и се чека да се олади.
    5. 5.Откако ќе се олади, се истура во поголема цедалка обложена со газа, која се остава врз поширок сад.
    6. 6.По неколку часа, откако добро ќе се исцеди, урдата која е останата во газата се трга во друг сад, се додава околу половина лажичка сол и убаво се промешува.
    7. 7.Забелешка: ако урдата ја промешате со миксер, ќе добиете прекрасно домашно крем сирење, во кое потоа можете да додадете црн пипер, различни зачини, лукче во прав и сл.