Колач кој воодушевува со својот вкус, но и изглед. Слоевит десерт кој иако не се подготвува премногу лесно, задоволството кое го нуди откако ќе го пробате првото парче ќе ве увери дека целиот ваш труд и потрошено време се исплати.

Бисквит коцка

By Мигусто Published: October 28, 2013

  • Prep: 45 mins
  • Cook: 35 mins
  • Ready In: 1 hr 45 mins

Колач кој воодушевува со својот вкус, но и изглед. Слоевит десерт кој иако …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Исечете три хартии за печење во големина на тавата за печење и една половинка (оригиналниот рецепт вика четири големи).
  2. 2.Подгответе го бисквитот: во сад за готвење, со миксер, изматете го јајцето заедно со маргаринот, млекото, медот, шеќерот, какаото во прав и сода бикарбоната. Откако смесата добро ќе се измати, садот ставете го на оган и со постојано мешање, варете се додека не запени.
  3. 3.Садот тргнете го настрана, додадете го брашното, измесете глатко тесто и поделете го на 2 дела (доколку сте поискусни може и на 3 дури и на 4 дела).
  4. 4.Додека е се уште тестото топло, расукајте го врз хартијата за печење, најтенко што можете. Со нож, исечете ги краевите за да добиете убава коцка и пресечете го на пола така да добиете два правоаголници.
  5. 5.Постапката повторете ја и со другите теста, притоа водејќи сметка да при сечење на краевите да добиете иста коцка како и претходната. За полесно, измерете ја првата и останатите правете ги според таа.
  6. 6.Остатокот тесто (од отсечените краеви), малку измесете го и направете уште еден правоаголник (пола коцка).
  7. 7.Рерната загрејте ја на 180 степени. Тестото, заедно со хартијата за печење, префрлете го врз тавата за печење која ја имате свртена наопачки. Секое тесто печете го околу 6-7 минути или се додека краевите не почнат малку да пукаат.
  8. 8.Правоаголници завиткајте ги во крпа и оставете ги така се додека не го подготвите филот.
  9. 9.Ставете го млекото да зоврие. Брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер, настрана, измешајте ги со неколку лажици од млекото и кога ќе зоврие, додадете го во млекото. Мешајте се додека не добиете густа смеса како пудинг.
  10. 10.Смесата оставете ја да се олади и додадете го путерот. Матете со миксер се додека добиете фина, хомогена смеса.
  11. 11.Со филот, филувајте ги корите така да При филување, внимателно притиснете ги, внимавајќи да не ги искршите.
  12. 12.На пареа, растопете го чоколадото за готвење заедно со 3 лажици масло. Со оваа чоколадна глазура прелијте ги колачите и оставете ги во фрижидер минимум 5, 6 часа за да омекне бисквитот.