Што велите за порција-две свежо испржени домашни чварки? Ние си ги направивме, а да ви кажеме искрено и веднаш изедовме доста од нив (колку да пробаме како ни испаднале :)). Направете си и вие, па да се гостиме заедно!

Чваркииииии!

By МиГусто Published: November 19, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 3 hrs 0 min
  • Ready In: 3 hrs 30 mins

Што велите за порција-две свежо испржени домашни чварки? Ние си ги …

Ingredients

Instructions

  1. Сланина во вода1.Сланината потопете ја во вода и оставете ја да отстои барем 2 часа (а подобро и цела ноќ) за да се измие убаво од крвта.
  2. Исечкана сланина2.Измиената сланина исечкајте ја на коцки со големина 2х2 см. Коцките ставете ги во подлабоко тенџере и додадете околу 1 литар вода (околу 3/4 од парчињата сланина да бидат потопени).
  3. Спремна за пржење3.Ставете го тенџерете на силен оган додека да зоврие водата и повремено мешајте за да не загори. Кога ќе зоврие водата, намалете ја температурата и продолжете со варење на умерена температура (повторно со повремено мешање). За ова време течноста прво ќе стане матна (емулзија од маст и вода), а потоа ќе се избистри (само маст).
  4. Исцедена маст4.По околу 2.5 часа варење и откако ќе стане течноста бистра, исцедете ја маста во посебно тенџере. Чварките вратете ги во истото тенџере да се пржат уште се додека не добијат убава златесто-кафена боја) ама со постојано мешање за да не загорат.
  5. Подготовка на чварките5.Кога чварките ќе потемнат, повторно исцедете ја маста и пржете ги уште многу малку (околу 10-тина минути). После пржењето повторно исцедете ги, и притискајте ги со лажица (за гмечење компири за пире) за да се исцеди што е можно повеќе маст.
  6. Сервирани чварки6.Исцедените чварки префрлете ги во посебен сад и веднаш посолете ги по вкус. Се служат топли, а богами и ладни. Добар апетит!