За денес ви предлагаме да одите на ручек кај мама, а за вечера врзете некоја престилка и придружете ни се во кујната, бидејќи ќе правиме кифли. Сo сиренце или без, како предјадење или додаток на главно јадење, кифличкиве се едноставно фантастични!

Кифлички

By Гастронаутка Published: September 8, 2012

  • Prep: 45 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 1 hr 25 mins

Можеби ќе ви изгледа дека подготовката е сложена, но верувајте ми, воопшто не е, а вложениот труд и тоа како се исплати.

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во сад со 200 мл млако млеко ставете ги двата квасци, додадете 1 лажица шеќер и 1 лажичка брашно и оставете го квасецот да нарасне.
  2. 2.Кога ќе стаса квасецот, замесете помеко тесто со сите состојки. Убаво измешајте ги додека не се хомогенизира смесата, а потоа месете го уште 10-тина минути. На крајот, не заборавајте да го удрите тестото од работната повершина барем едно 15 пати (со ваквото удирање, глутенот во тестото почнува да работи и тестото станува мазно).
  3. 3.Откако убаво ќе го измесите, оставете го тестото да се дигне (барем 45 минути) на топло.
  4. 4.Кога тестото ќе се дуплира во волумен, поделете го на топчиња (околу 40 гр тесто за средно голема кифличка). Со оваа доза, излегуваат 46 топчиња, односно кифлички.
  5. Кифлички - обликување на тесто5.Секое топче расукајте го до дебелина од околу 3 мм и на едниот крај со нож расечете неколку линии до половина на коричката.
  6. 6.Свиткајте ја кифлата почнувајќи од оној крај кој не е расечен, и на крајот повлечете ги двата краја накај вас за да добиете форма на месечинка.
  7. Кифлички - припрема7.Наредете ги кифлите во тавче врз хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да пораснат (уште 30-40 минути).
  8. 8.Пред да ги ставите да се печат, намачкајте ги со разматеното јајце во кое се додава малку масло и неколку капки вода и попрскајте ги со сол, сусам или ким.
  9. 9.Печете ги во незагреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
  10. 10.Забелешка: можете слободно да ги замрзнете и да ги одмрзнувате по потреба.