Фамилијарно обожаваме грицки, морам да ви признаам. Особено кога имаме друштво, или кога се гледа филм, едноставно не може да се помине без крцкавиот звук на нешто што се грицка. А бидејќи ја сакаме и аромата на мајчина душичка, овие крекери ни дојдоа како совршена закуска. Единствено што веднаш ги снема, па сфативме дека мали дози дефинитивно не се за нас :).
Домашни крекери со мајчина душичка
By September 18, 2013
Published:Фамилијарно обожаваме грицки, морам да ви признаам. Особено кога имаме …
Ingredients
- 250 г бело брашно
- 1 супена лажица свежа мајчина душичка (ситно исечкана)
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 3/4 кафена лажичка сол
- 120 мл вода
- 70 мл маслиново масло
- малку крупна сол
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 220 степени, заедно со тавчето за печење. Измешајте ги сите состојки во подлабок сад и месете додека не добиете убаво и компактно тесто.
- 2.Поделете го тестото на три дела, а потоа од секој дел расукајте што е можно потенка кора и тоа врз парче хартија за печење.
- 3.Пред да печете, намачкајте ја површината на секоја кора со малку масло и попрскајте со уште малку мајчина душичка и нежно притиснете за да се залепат.
- 4.Префрлете ја хартијата за печење врз загреаното тавче и печете ја секоја кора посебно додека не стане златеста (околу 8 минути). Изладете ги корите, искршете ги на помали парчиња и послужете ги со некој сос).
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна