Љубителите на домашно тесто има да откачат на овие панцеротки. Толку се добри што ги снемува додека да трепнеш. Само оние со зен будистичка пракса ќе успеат да им одолеат и да ги почекаат додека да се оладат.Топ препорака за сите мераклии на тазе печени панцероти.

Домашни мини панцероти

By Тетка Биберче Published: November 5, 2012

  • Prep: 45 mins
  • Cook: 60 mins
  • Ready In: 1 hr 45 mins

Љубителите на домашно тесто има да откачат на овие панцеротки. Толку се …

Ingredients

Instructions

  1. Тетсо пред да нарасне1.Во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Добро промешајте и месете се додека не добиете мазно, компактно тесто кое треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се формираат панцеротките.
  2. Нараснато тесто2.Оставете го тестото да нарасне убаво (да добие барем 2,5-3 пати поголем волумен) а во меѓувреме подгответе го филот.
  3. Подготовка на филот3.Спанаќот обарете го и во блендер измешајте го заедно со павлаката и сирењето. Блендирајте се додека смесата не се соедини. По желба, зачинете.
  4. Сукање на тестото4.Стасаното тесто поделете го на 2 дела и расукајте го како за пица во кружна или правоаголна форма со дебелина од околу 3 мм.
  5. Полнење на панцеротите5.Со калап (или чаша), од целото тесто, вадете крукчиња. Секое второ крукче наполнете го една лажица од филот, со вода намачкајте ги краевите и со друго крукче поклопете го.
  6. Мини панцероти спремни за печење6.Вака подготвените панцеротки, со виљушка притиснете ги краевите за добро да се залепат двете крукчиња. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам, ким, чурек и сл.
  7. Панцеротите одмараат неколку минути7.Пожелно е да одморат на плех (да нараснат) уште барем 30 минути пред да ги ставите да се печат.
  8. Испечени панцероти8.Печете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 15 до 20 минути или се додека не добијат убава кафено-златна боја.