Моцарт топчињата првпат биле направени во далечната 1890 година во чест на славниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. Ги направивме и ние, ама во чест на нашиот читател Ице кој ни го побара овој рецепт. Ице, се надеваме дека ќе уживаш во нив :).

П.С. Од оваа доза излегуваат околу 20-тина топчиња, а подготовката бара малку трпение и живци, ама не се откажувајте!

Домашни Моцарт топчиња

By Тетка Биберче Published: November 23, 2012

  • Prep: 40 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 60 mins

Моцарт топчињата првпат биле направени во далечната 1890 година во чест на …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на бадемите1.Бадемите прелијте ги со топла вода, оставете ги неколку минути и излупете ги. Во микро или во рерна исушете ги, но притоа пазете да не ви загорат. Оставете ги да се оладат.
  2. Мелење на бадемите2.Во мелница измелете ги бадемите најситно што можете (треба да се добие прав од бадеми) и измешајте ги со шеќерот во прав.
  3. Вода со шеќер3.Во сад, на оган, растопете го шеќерот со водата и оставете го сирупот неколку минути да врие. Оладете го и додадете неколку капки екстракт од бадем.
  4. Подготовка на марципан4.Измешајте ги мелените бадеми и шеќерот со сирупот и замесете го марципанот. По потреба додадете уште малку шеќер во прав. Смесата поделете ја на два дела (едната поголрма) и во помалата ставете 60 г ситно мелени фстаци.
  5. Спремен марципан5.Двете парчиња марципанот завиткајте ги во фолија и ставете ги во фрижидер барем неколку часа за смесата да се стврдне.
  6. Подготовка на нугат крема6.За подготовка на нугат кремата, измешајте 50 г чоколаден крем со 30 (или 40 г) ситно мелени лешници и шеќер во прав. Кремата добро измешајте ја и оставете ја во фрижидер да се стврдне.
  7. Подготовка на Моцарт топчињата7.Составете ги Моцарт топчињата: -од нугат кремата формирајте помали топчиња. -од зелениот марципан формирајте малку поголеми топчиња од нугат кремата. Топчето сплескајте го и во средина ставете го нугат топче. Формирајте топче од двете смеси -од белиот марципан формирајте уште поголемо топче, сплескајте го и во средина ставете од претходното топче. Обликувајте топче.
  8. Моцарт топчиња со глазура8.Чоколадото растопете го на пареа и секое топче потопете го и оставете го да се олади и исуши.