Како големи мераклии на италијанската кујна особено не радува кога ќе добиеме рецепт за тестенини или њоки. Во овој случај такво изненадување ни приреди Ивана Талеска која има одлична идеја што денес да спремите за ручек или вечера. Нејзиниот предлог е домашни њоки во бел сос од горгонзола.
Домашни њоки во бел сос од горгонзола
By March 3, 2013
Published:- Prep: 45 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 60 mins
Како големи мераклии на италијанската кујна особено не радува кога ќе …
Ingredients
- 500 г компири (стар) (за подготовка на њоки)
- 250 г брашно (за подготовка на њоки)
- 1 лажица растопен путер (за подготовка на њоки)
- 1 јајце (за подготовка на њоки)
- малку сол (за подготовка на њоки)
- 300 мл неутрална хопла (за подготовка на сос)
- 150 г горгонзола (за подготовка на сос)
- 2 топчиња моцарела (за подготовка на сос)
- 20 г пармезан (за подготовка на сос)
- 3 чешниња лук (за подготовка на сос)
- малку сол (за подготовка на сос)
- малку масло (за подготовка на сос)
Instructions
- 1.Компирот се лупи и се става да се свари.
- 2.Откако добро ќе се свари се пасира исто како за пире. Најдобро е да се измиксира. Во таа смеса се става растопениот путер и јајцето.
- 3.Површината за месење се попрскува со брашно. Потоа се става смесата од компирот и врз неа се става половина од количината на брашното. Треба брзо да се меси затоа што тестото е лепливо и доколку се меси подолго време ќе прими многу брашно а тоа ги прави њоките жилави.
- 4.Откако ќе се замеси смесата, повторно се попрскува површината со брашно. Се прават долги ленти со дебелина од палец. Тие се сечат на парчиња со должина од 2-3 cм.
- 5.Исечените парчиња се обликуваат со помош на виљушка или ребраста даска.
- 6.На оган се става тенџере со вода и истата се посолува. Кога ќе зоврие водата се ставаат њоките. Њоките се готови кога ќе испливаат на површината. Извадете ги веднаш за да не се преварат.
- 7.Во тава со загреано масло се става исечканиот лук. Се пропржува на слаб оган додека не добие румена боја.
- 8.Потоа во тавата се става исечканата горгонзола и неутралната хопла. Се готви на тивок оган додека горгонзолата не се стопи.
- 9.Кога горгонзолата е при крај се става исечканата моцарела и се готви уште некоја минута. Се зачинува со сол и црн пипер.
- 10.Кога ќе се извади од оган се става пармезанот и повторно се промешува. Во сосот се ставаат њоките и се промешува.
- 11.Се служи топла и при послужувањето се посипува со оригано или исушен магдонос. Добар апетит.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна