Њоките се тестенини кои се прават од компирово тесто. За таа цел се варат компирите со лушпа и откако се сварени се лупат и се пасираат. Во  нив се додава брашно, јајца и сол и се замесува меко тесто кое не треба да се лепи за рацете. Од тестото, со рака се формираат долгнавести вретенца дебели колку прст, се сечат на поситни парчиња. Вака добиените њоки може да се замрзнат, а можат и веднаш да се варат во солена зовриена вода.
Меѓутоа, њоки може да направите и доколку од претходниот ручекот останало пире и не знаете што да му правите. Немојте да го фрлате. Од него може да направите вкусни њоки. Еве како тоа иде.

Домашни њоки (кнедли)

By Мама Лиле Published: February 19, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Њоките се тестенини кои се прават од компирово тесто. За таа цел се варат …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на њоките1.За овој рецепт не е можно да се наведат точните дози бидејќи зависи многу од типот на компирот или од тоа колку пире ви останало. Со тек на време и во зависност од тоа колку почесто ги правите, толку повеќе искуство стекнувате и секој нареден пат ќе бидат повкусни и на изглед поубави.
  2. Смеса за њоки2.Во сад се става пирето, се додаваат јајцата, солта и постепено се додава брашно. Се замесува тесто кое на почетокот е лепливо што значи дека треба уште брашно.
  3. Тесто за њоки3.Тестото треба да биде средно тврдо и ако се лепи на рацете набрашнете ги.
  4. Вретенести ленти4.Од тестото, со раце, се формираат вретенести ленти дебели колку прст.
  5. Исечкани њоки5.Вретенцата се редат на масата и неколку од нив, одеднаш се сечат со нож. Додека ова го правите постојано посипувај те ги со брашно и нив и рацете за да несе залепат за масата, не штедете брашно, тоа нема да им наштети.
  6. Њоки6.Се варат во солена зовриена вода се додека не испливаат на површината. Може да се употребат како гарнир на некое месо, или едноставно посипани со сирење или кашкавал или со сос за тестенини. Превкусни се ако се прелијат со растопен путер или масло во кое се испржени 2-3 лажици троши од леб.
  7. Спремни за замрзнување7.Њоки може да се замрзнат, притоа треба да се наредат врз послужавник, прекриен со хартија за печење и тоа во еден ред за да не се залепат. Откако потполно ќе замрзнат, се префрлат во пластична кеса и назад во замрзнувач. Замрзнатите њоки се ставаат директно во зовриената вода.