Тулумби шербетлии сладок калоричен грев на кој е тешко да се одолее. Вообичаено тулумбите се пржат, но на сугестија на една моја пријателка решив да пробам како ќе испаднат ако ги испечам. Прав погодок верувајте! Вкусот им е скоро идентичен, а при тоа заштедив масло и намалив на калории.
Домашни печени тулумби
By October 2, 2012
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 50 mins
Тулумби шербетлии сладок калоричен грев на кој е тешко да се одолее. …
Ingredients
- 300 г брашно
- 100 мл масло за готвење
- 500 мл вода
- 6 јајца
- 800 г шеќер (за шербет)
- 400 мл вода (за шербет)
Instructions
1.Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.
2.Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.
3.Шприцот за тулумби наполнете го со смесата. (на фотографијата не се рацете на Тетка Биберче, да не си помислите нешто чудно. Ова се рацете на нејзиниот помошник 🙂
4.Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.
5.Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.
6.Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.
7.Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна