Вкусот на овие домашни сусамки е извонреден. Сладок, мераклиски десерт кој ќе ви ја обезбеди потребната доза енергија. Идеални за доручек со кафенце, како ужинка на работа или за попладневна закуска со шолја чај.
Домашни сусамки
By November 19, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Вкусот на овие домашни сусамки е извонреден. Сладок, мераклиски десерт …
Ingredients
- 150 г шеќер
- 60 мл мед
- прстофат сол
- 15 мл вода
- 140 г сусам
- 25 г путер
- 1/4 лажичка прашок за пециво
- 1 лажица екстракт од ванила
Instructions
1.Во мал сад ставете го медот, шеќерот, солта и водата. На тивок оган истурете ги во тавче и со постојано мешање почекајте шеќерот да се растопи и соедини со медот.
2.Потоа додадете го сусамот. Ќе ви треба од пет до десет минути, сусамот да добие феноменална карамел боја и да се соедини со шеќерот и медот.
3.Тргнете ја смесата од оган, ставете ванила и путер. Промешајте. Веднаш штом путерот ќе се стопи додадете прашок за пециво. Истурете ја смесата на плех обложен со фолија и распоредете ја.(ставет емалку зејтин да не ви се залепи)
4.Плехот оди во фрижидер на 20 минути за да смесата убаво се стегне. Потоа пресечете парченца или едноставно скршете си делче по ваша желба.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна