Се прават прилично лесно и брзо, а можете да ги полните со што сакате. Мои фаворити се сосот од телешко и пилешко месо. Уште поважно, ако не успеете да ги изедете (во што се сомневам), можете едноставно да ги замрзнете и да ги искористите кога сакате.

Домашни тортиљи

By Мира Димитровска Published: November 1, 2012

    Се прават прилично лесно и брзо, а можете да ги полните со што сакате. Мои …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Квасецот се става да нарасне во 100 мл топло (не жешко) млеко во кое е додаден шеќерот и една кафена лажичка брашно.
    2. 2.Се замесува тесто од сите состојки кое треба да биде меко (помеко од тесто за кифлички), и се остава да нарасне околу 30-40 минути.
    3. 3.Откако ќе нарасне тестото се дели на 16 парчиња од кои се прават топчиња и повторно се оставаат да отстојат околу 10-15 минути.
    4. 4.Од секое топче се расукува кора (што е можно потенка) и се пржи кратко (околу 1-2 минути од секоја страна) во загреано тавче за палачинки.