Што е подобро од варено ѓеврече? Па, се разбира домашно варено ѓеврече! Пресладок вкус на фино запечено тесто, на кое е тешко да се одолее. Главен проблем при подготовка кој мора да го имате во предвид е што секогаш ќе морате да спремате поголема доза, затоа што ги снемува многу брзо.

Домашни варени ѓевречиња

By Гастронаут Published: September 18, 2012

  • Prep: 4 hrs 0 min
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 4 hrs 30 mins

Што е подобро од варено ѓеврече? Па, се разбира домашно варено ѓеврече! …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тесто1.Во сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Брашното, водата, маслиновото масло, сувиот квасец, солта и шеќерот. Со електричен миксер измесете фино, средно меко тесто.
  2. Стасано тесто2.Ако месите рачно ќе ви треба околу 10 минути, а со миксер нешто помалку. Измесеното тесто, покријте го со крпа и оставете го да нарасне на собна температура, отприлика од два до три часа.
  3. Формирање на ѓевречињата3.Откако тестото ќе се подигне спремно е за правење ѓевречиња. Набрашнете ја работната површина, и поделете го тестото на еднакви делови. Ние ги меревме по 80 г. и излегоа 10 ѓевречиња. Со палците на средина направете дупче на топчето, а потоа и кружна форма.
  4. Спремни за печења4.Во меѓувреме ставете два литра вода во големо тенџере и зовријте ја водата. Ставете половина лажица сода. Секое ѓеврече варете го од двете страни по една минута. Потоа исцедете ги на кујнска хартија, наросете ким, сусам и морска сол и оставете ги уште 15 минути да одморат.
  5. Испечени спремни за дегустација5.Печете во добро загреана рерна на 220 степени околу 25 до 30 минути, додека ѓевречињата не добијат кафена боја. Оставете ги да се оладат неколку минути, а потоа на лапачка.