Нашата пријателка Славица Наумовски,  инспирирана од тесктот за Рогач-медитеранското црно злато, ни испрати рецептот за домашно чоколадо со рогач…. Од ова што го гледаме, вреди да се проба….

Домашно чоколадо со рогач

By Славица Наумовска Published: February 27, 2013

    Нашата пријателка Славица Наумовски,  инспирирана од тесктот за …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Ставете ги шеќерот и водата да се стопат. Оставете да поврие околу 5 минути, отприлика како за шербет. Потоа додадете го путерот и оставете го убаво да се растопи.
    2. 2.Во посебна здела измешајте го млекото во прав, рогачот и какаото, а потоа додадете ја смесата со растопениот путер (додека е сеуште топла) и матете полека со миксер да добиете хомогена смеса.
    3. 3.Окако се убаво ќе се соедни, додадете ги лешниците, бадемите и сецканите урми и се добро изматете (лешниците и бадемите ги ставив во блендер да се здробат малку не премногу).
    4. 4.Смесата истурете ја на хартија за печење и измазнете ја во дебелина околу 2 см.
    5. 5.Посебно со малку масло растопете ги белото и црното чоколадо и ишарајте врз чоколадата.
    6. 6.Оставете да се олади во фрижидер и потоа сечете ја на коцки.