Нема ништо повкусно од домашни млечни производи, во тоа сме сите убедени. Нашата читателка Валентина важи за домаќинка која обожава да ги приготвува дома. По многу експериментирање таа ја добила совршената формула од која не отстапува. Затоа ги споделиваме со вас и вие да приготвите домашно крем сирење, кисело млеко, павлака и ајран.

Домашно крем сирење, кисело млеко, павлака, ајран....

By Валентина Крстевска Published: February 3, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 2 hrs 25 mins

Нема ништо повкусно од домашни млечни производи, во тоа сме сите убедени. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во 1л свежо млеко загреано на температура при која малото прсте можете да го држите во садот додека изброите до 10, се додава 3 лажици јогурт.
  2. 2.е промешува внимателно, па се остава остава на собна температура да стои и ферментира(да се поткисели). Ова обично го правам околу 22 часот навечер, а утредента околу 6 часот, садот го ставам во фрижидер. Зависно од ноќната температура, садот го завиткувам, повеќе, помалку или воопшто не го завиткувам.
  3. 3.Во лето, кога и ноќите се топли, садот не го завиткувам воопшто. Во другите делови од годината ставам сосема тенка крпа или дебел пешкир, зависно од тоа колку студи. Ако се претера со затоплувањето на садот, ќе се појави повеќе `вода` во киселото млеко,што секако не е некој голем недостаток.
  4. 4. ПАВЛАКА: По ладењето од околу 10-тина часа во фрижидер, во истото кисело млеко, можете да уживате и на поинаков начин. Подлабока цедалка поставете врз длабоко тенџере, врз цедалката поставете газа во 2 слоја, истурете го киселото млеко, оставете го садов во фрижидер, повремено истурајте ја течноста што ќе се исцеди, цедете до саканата густина и од вашето кисело млеко ќе добиете вкусна домашна павлака. Јас обично го оставам да се цеди околу 6 часа.
  5. 5.КРЕМ СИРЕЊЕ: Отприлика после 48 часа цедење и ако киселото млеко за време на цедењето, нежно го превртувате за поубаво да се исцеди, ќе добиете многу вкусно крем сирење на кое по желба може да му додавате сол или разни зачини (па ќе се добие нешто како крем сирењата кои ги купуваме или сирење кое се нарекува „Лабнех“) или со матење со миксер заедно со лажица две омекнат путер, се добива „Вајкрем“. Од 1литар млеко, зависно од времето на цедење, мене ми излегува 300-400 гр. сирење.
  6. 6.АЈРАН: Оваа идеја, не е моја, но откако првпат ја испробав, често ја применувам. За време на летните горештини, наместо било каков освежувачки пијалок, со ручекот многу често се ладиме вака: во што поголема чаша, ставам неколку коцки мраз, на киселото млеко (она од основната верзија) му додавам малку вода, го матам со миксер и го преливам преку мразот во чашите. Верувајте капка пот не ве облева, како што обично ни се случува во лето после било која друга напивка. Доколку на оваа напивка додадете малку сол, тогаш ќе уживате во турскиот специјалитет-Ајран.
  7. 7.Што и да направите од вашата основна верзија-сигурна сум дека нема да грешите, а за да не згрешите во подготовката, ќе ви помогнам со оваа мала загатка - свежото млеко кое го користам е она од под Пелистер, со девојченцето на сликата, а јогуртот исклучиво од оној со 2 имиња од едниот од градовите херои,оној што е поблиску до главниот град.