Опоен мирис на домашно приготвено лепче со цимет. Зар има нешто посовршено, кое инстант предизвикува апетит и ве мами да грабнете малку путер и мед и да го изедете цело?

Домашно лепче со цимет

By Гастронаут Published: August 12, 2012

    Опоен мирис на домашно приготвено лепче со цимет. Зар има нешто …

    Ingredients

    Instructions

    1. Растопен путер, млеко и квасец1.Во сад за готвење ставете путер и млеко. Мешајте се додека путерот не се растопи. Ставете го квасецот и нежно промешајте. Оставете ја смесата 10 минути да мирува, додека квасецот не нарасне.
    2. Матени јајца2.Изметете ги јајцата и шеќерот. Додадете го претходно подготвениот фил од растопен путер, млеко и квасец.
    3. Смеса за тесто3.Ставете една половина од брашното во кое има лажичка сол и мешајте додека свеста добро не се соедини. Потоа додадете ја и другата половина од брашното.
    4. Стасано тесто4.Ставете го тестото во друг сад покриен со крпа и оставете го тетстото да нарасне (минимум 2 часа)
    5. Исукано тесто5.Префрлете го тестото на работна површина и исукајте го со должина не поголема од садот во кој планирате да го печете лепчето.
    6. Спремно тесто6.Премачкајте го тестото со путер и посипете со смеса од цимет и шеќер. Тоа на лепчето ќе му даде двобојност.
    7. Ролувано тесто7.Вака потготвеното тесто превиткајте го во форма на ролат.
    8. Стасан ролат8.Префрлете го ролатот во садот за печење кој предходно добро е премачкан со путер. Оставете го 40 мин до еден час да нарасне. Рерната добро загрејте ја.
    9. Готово лепче9.Пред печење премачкајте го ролатот со смеса од јајце и млеко. Печете на 200 степени околу 40 минути.