Валентина ни раскажа дека испробала мал милион рецепти за лиснато тесто и дека ниту еден не бил толку добар како овој. Сепак треба да се биде трпелив бидејќи постапката трае малку повеќе, но резултатот кој се добива е вашата најубава награда.

Домашно лиснато тесто

By Валентина Крстевска Published: February 5, 2013

    Валентина ни раскажа дека испробала мал милион рецепти за лиснато тесто …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Најпрво подгответе го маргаринот - 1 цело пакување од 250 г, ставете го во кесичка за замрзнување храна, од него обликувајте форма на квадрат со дебелина 2 см, па на рамна чинија, оставете го да се стегне во фрижидер. Препорачувам да користите маргарин кој претходно стоел на собна температура, така полесно ќе го рассукате во квадрат. Остатокот од 75г. маргарин загрејте го да се стопи, па оставете го додек да се смлачи.
    2. 2.Измешајте ги брашното,солта и смлачениот маргарин и од нив замесете тесто. Месете без престан десетина минути (убаво изработеното тесто е полесно за работа подоцна). Формирајте топка од тестото, одозгора со нож засечете форма на крст, завиткајте го во проџирна фолија за храна, па оставете го 30 минути во фрижидер.
    3. Расукано тесто3.Отстранете ја фолијата,па на 4 страни расукајте го тестото (ќе добие форма слична на пеперутка,како на сликата), а во средината оставете да остане малку подебело од краевите. Во средината поставете го квадратот од маргарин,па сите 4 „крилца“ преклопете ги преку маргаринот внимателно,како да е спакуван во коверт. Нежно помибнете преку тестото со сукало, па оставете го 30 минути да се лади во фрижиер повторно спакувано во фолија.
    4. Превиткано тесто4.На работната површина лесно побрашнете (тестото не се лепи многу, затоа и не треба многу да додабвате брашно) поставете го тестото и рассукајте кора со димензии 75 x 25 см. Оваа правоаголна кора преклопете ја кон средината на речиси идеални третини (левата третина врз средната,а десната преку левата). Повторно завиткајте во фолија и оставете го да се лади 30 минути. Постапкава од петтиот чекор повторете ја вкупно 3 пати.
    5. 5.По последното ладење рассукајте што потенка кора, премачкајте ја целата со студена вода (за да не се растури формата на пецивата). Јас обично правам правоаголници кои ги филувам по желба, ги засекувам на горниот крај, ги преклопувам, а потоа ги затворам со притискање со вилушка. Готовите пецива повторно премачкајте ги со студена вода.
    6. Испечено домашно лиснато тесто6.Печете ги во претходно загбреана рерна на 200 степени додека да добијата златно жолта боја.