Сос од свеж босилок совршен во комбинација со многу јадења, особено со тестенини. Овој сос италијаните го нарекуваат песто и има посебно значење во нивната традиционална кујна. Босилокот е многу едноставен за одгледување, доволен предизвик да си го засадите и да си направите домашно песто.

Домашно песто

By Тетка Биберче Published: October 9, 2012

  • Prep: 15 mins

Сос од свеж босилок совршен во комбинација со многу јадења, особено со …

Ingredients

Instructions

  1. Состојки за пестото1.Босилокот ислистете го и исечкајте го на парчиња. И лукчето исчистете го.
  2. Состојки во блендер2.Во блендер (сечко или пак рачно во аван), ставете босилокот, сончогледот, лукче и малку маслиново масло.
  3. Блендирање на пестото3.Блендирајте, притоа постепено додавајќи маслиново масло. Посолете по желба и додадете рендан пармезан.
  4. Готово песто во блендер4.Кога ќе добиете фина , мазна смеса, пестото е спремно за консумирање.
  5. Песто во тегла5.Послужете го веднаш или пак спакувајте го во тегла и чувајте го во фрижидер.