Нема ништо подобро од мирис на штотуку испечено домашно лепче. Мирис кој отвора апетит и ги буди сите сетила. Најголемиот проблем е што ве мами да го изедете целoто. Па, зошто да не?
Домашно ржано лепче
By January 9, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 35 mins
- Ready In: 50 mins
Нема ништо подобро од мирис на штотуку испечено домашно лепче. Мирис кој …
Ingredients
- 350 г бело брашно
- 150 г ржано брашно
- 300 мл вода
- 50 мл зејтин
- 30 г свеж квасец
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
Instructions
1.Во сад измешајте ги двата типови на брашно, ставете вода, зејтин, квасец сол и шеќер. Замесете средно меко тесто.
2.Оставете го тестото на топло да нарасне барем дупло од својата првична големина. Поделете го на две еднакви половини.
3.Расукајте го тестото во должина на плехчето и свиткајте го во форма на ролат.
4.Ставете го тестото во модлите и оставете го да одмори уште половина час.
5.Бидејќи користевме ржано брашно тоа не нараснува толку многу како и обичното. Со жилет или со остар нож направете засеци.
6.Печете во добро загреана рерна на 220 степени околу 35 минути.