Уште едно збогатување на нашите полици со зимница за оваа година. Овој џус си го правиме редовно, а потоа го користиме во манџи, за салата, за пица, па дури и си го пиеме како сокче и е прекрасен во секоја варијанта. Само што овој пат пробавме да го направиме на шпорет наместо на ќумбе, и мора да признаеме дека одлично излезе :). Значи, идеална опција за сите оние кои немаат дворче или викендица!

Доматен џус на мама

By Мигусто Published: September 14, 2013

    Уште едно збогатување на нашите полици со зимница за оваа година. Овој …

    Ingredients

    Instructions

    1. измиени и наредени во тава1.Доматите се мијат и се редат во еден ред во голема тава. За 10 кг домати потребни се 2 тави, големи колку што е голема рерната на шпоретот.
    2. подготвени за печење2.Ако имате рерна која дува тогаш ставете ги двете тави истовремено во рерната, вклучете го вентилаторот и печете ги доматите на 200-220 степени околу 40 – 50 минути и воопшто не е потребно да ги надгледувате.
    3. испечени домати3.Додека доматите се печат стерилизирајте ги теглите или шишињата и капачињата. . Откако доматите се испечени, се вадат од рерната, се истура вишокот течност (внимавајте, тие се врели) се оставаат да се оладат толку колку што може рацете да издржат топло.
    4. изблендирани домати4.Доматите се лупат, им се отстранува тврдиот дел околу дршката (ако го има), се префрлаат во блендер и се блендираат додека се добие хомогена мазна смеса во која нема парчиња од доматите. Откако сиот домат е изблендиран, густиот кечап се сместува во тенџере, се става на оган и се доведува до вриење. Од време на време се меша за да не загори. Се вари околу 10-тина минути, не е потребно повеќе. Во текот на вриењето се додаваат 5 лажички сол и исто толку шеќер.
    5. Печени домати на Мама5.Забелешка: Пробајте го кечапот на вкус и доколку сметате дека не е доволно солен, слободно додадете уште малку сол. Колку сол ќе се додаде МНОГУ зависи какви се доматите. Инаку, можете на крајот да додадете и други зачини како оригано или мајчина душичка. Со врелиот кечап се полнат стерилизираните шишиња или тегли (големи или мали, по ваш избор) и откако ќе се наполнат веднаш се затвораат со капакот. Доколку користите тегли, пожелно е теглата да се заврти наопаку, со капачето надолу и така да стои барем еден час.