Секоја последна седмица од месец август, веќе 66 години во малото место Буњол оддалечено 38 километри до Валенсија во Шпанија се случува еден од најинтересните улични фестивали. Во чест на светецот и заштитник на градот, се одржува познатиот Томатина.

Фестивалот започнува со трка со цел да се откине парче димена шунка поставена на бандера што значи и официјален почеток на војната со домати. Кога шунката е на земја, повеќе од 120 тони домати еден час летаат наоколу се додека целиот град не се обои во црвено. Градските власти се грижат се да помине во најдобар ред – има организирани концерти, пунктови за прва помош, обезбедување, тушеви и се она што е потребно за безбедна забава на илјадниците туристи.

За да не настане целосна анархија постојат и одредени правила кои важат години наназад. Не смеат да се внесуваат шишиња и други предмети кои можат да предизвикаат повреди. Сите учесници мораат прво да го згмечат доматот па да го фрлат за да ударот биде што побезболен. Совет е да се носат наочари за пливање, а ако сакате да снимате со камера најдобро е да користите подводна….

Еве дел од овогодинешната атмосфера!

Томатина фестивал
Томатина фестивал
Томатина фестивал
Томатина фестивал
Томатина фестивал