Не знаеме дали овој рецепт го има смислено некоја Донка или е кратенка од Македонска тава или нешто слично, ама нашата читателка Драга која ни го испрати рецептот вели дека е одличен. Ние се сложуваме 🙂
Донка тава
By June 19, 2013
Published:Не знаеме дали овој рецепт го има смислено некоја Донка или е кратенка од …
Ingredients
- 2 компири
- 1 црн патлиџан
- 2 пиперки
- 2 кромида
- 2 патлиџани (рендани)
- 250 мл вода
- 100 г ориз
- 1 кафено лажиче брашно
- сол, вегета (по потреба)
Instructions
- 1.Во тава се ставаат компирите, црниот патлиџан, пиперките, кромидот, а ренданите патлиџани заедно со 250 мл вода се ставаат на оган да провријат.
- 2.Се посолува и се става малку вегета. Откако добро ќе провријат на површината на тавата се става оризот и по 15-тина минути се става лесна запршка со малку брашно, масло и црвен пипер.
3.Се истура одозгора и се става во рерна да се потпече. Печеме околу половина час.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна