Што му правите на капакот кога ќе го тргнете од тенџерето? Го оставате на страна врз кујнската површина, го потпирате на некоја даска или чинија или нешто при рака? Ве прашувам бидејќи јас навистина се нервирам со оваа работа. А како да не се нервирам кога таман ќе зачистам ломот по кујната и си викам, ете готово, сега уште ова да се свари и веќе не влагам тука цеееел ден, па што сака нека биде….и толку од мојата радост.  Ќе го ставам капакот, па ќе ми се направи кругче од водата или, уште полошо, маснотијата што кондензирала на капакот, па ќе го избришам, па за 5 минути  пак ќе го ставам на друго место и така до бесконечност и назад. А ич да не почнувам со ставањето на лажицата за мешање овде-онде. Страшно!

Заради погоре наведените причини, а сигурна сум дека можам да смислам уште некоја, ама да ви кажам право сега некако ме мрзи да мислам, ….. и значи заради овие работи, мислам дека оваа справичка е просто – ингениозна. Барем ќе знам дека ми се валка кујната на точно одредено место!

Ако планирате и вие да си решите половина од проблемот (пак треба некој да чисти на крај), тогаш набавете си ја справава овде, и тоа за само 15 долари!