Не ми е толку страв од влечкање работи од продавница (а од пазар да не спомнувам) до дома кога ќе ми дојде време за купување, колку што ми е страв од ќесите. Особено ако имам потешки работи, па и повеќе ќеси, и тоа се натоварено во двете раце. Знаете на што мислам нели? Не боли баш малку кога ќесите ќе ти се засечат во прстите, па ќе прекинат секаков доток на крв, па трчкаш до дома и го броиш секој чекор!

Искрено да ви кажам, пробав неколку варијанти и можни решенија за да го избегнам овој проблем. Прво си реков, па добро бе, не мораш толку да се товараш! Ќе си одиш на пазар/во продавница почесто, како на пример секој ден, па ќе си купуваш по малку и така. Е арно ама, ај да ве видам одете на пазар секој ден по овие горештини! Значи, морав да барам друго чаре. Пробав и да одам во шопинг со друштво, ама и тоа не иде, и дефинитивно ми е најубаво кога си пазарам сама. И така, после овие и уште неколку варијанти кога бев скоро пред откажување, налетав на оваа рачка за ќеси. Врши работа што да ви кажам, а можеш да тегнеш ќеси колку сакаш. Совршено!