Морам да ви признаам дека ова чудо сеуште си го немам купено, ама ќе биде, сигурна сум во тоа! Па ќе ве молам, држач за кромид за да можеш културно да го сечеш, а уште плус тоа и мал метален диск кој “наводно“ го отстранува специфичниот мирис на кромидот поради кој плачам како луда секогаш кога го сечкам! Ај тоа плачењето и не ми смета толку, ама кога мојата поубава половина ќе почне да ми ја пее (а не пропушта ниедна прилика) онаа “Не плачи душо….“, е стварно ми доаѓа да си пукнам.

Има ли некој што би можел да одолее на нешто вакво? Јас никако, а ви кажав и од кои причини. Алаткава инаку ја има овде, а ако случајно ја нарачате пред мене, задолжително да ми пишете. Да знам ако не да си барам друго чаре :)