држач за варење на јајца1Не, не, немојте да мислите дека се работи за една од оние машинки кои немаат никаква друга намена освен да сварат пар јајца. Впрочем, мислам дека во кујната и не можеш да имаш понепрактична или понезгодна машинка која всушност само зафаќа место. Од друга страна пак, сигурна сум дека ќе се согласите со мене дека варењето на јајца (особено повеќе одеднаш) знае да биде вистински предизвик. Нормално, ако сакаш јајцата да не испопукаат.

Е токму од таа причина јас си ги користам овие екстра згодни (и далеку поефтини од машинката за варење јајца, а да не спомнувам дека зафаќаат многу помалку место) држачи за варење на јајца. Ем јајцата не се тркалаат во тенџерето трескајќи се едни од други, ем можеш веднаш да си оладиш, ем држачиве се супер декоративни да ги послужиш јајцата дирекно во нив. Со еден збор супер!

 

Ви кажав ли дека воопшто не се скапи и дека можете да си ги набавите тука?