Слатки двобојни колачиња кои можете да им ги подготвите на вашите деца за доручек, на саканата за ужина или на пријатели за вечерен десерт. Во било која варијанта сите ќе сакаат уште едно плус.

Двобојни колачиња

By Гастронаут Published: January 4, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 12 mins
  • Ready In: 22 mins

Слатки двобојни колачиња кои можете да им ги подготвите на вашите деца за …

Ingredients

Instructions

  1. Состојки за тесто1.Во два посебни садови ставете ги путерот, кафениот и обичниот шеќер потребни за подготовка на двете теста и со помош на миксер добро измешајте.
  2. Додавање јајце2.Во двете смеси додадете јајце и ванила, па потоа продолжете со мешање.
  3. Формирање на тесто3.Потоа, во едниот сад додадете брашно, сода бикарбона и какао, како и малку сол, а во другата брашно, сода бикарбона и малку сол. Месете со раце се додека не добиете фино тесто.
  4. Тесто со чоколадо4.Накрај, во двете теста додадете сечкано чоколадо и уште еднаш измесете за чоколадото добро да се распредели во целото тесто.
  5. Спремно и оладено тесто5.Двете теста оставете ги во фрижидер барем половина час за да се стврднат.
  6. Споени топчиња6.Двете теста поделете ги на 12 парчиња (значи ќе добиете 24 парчиња), формирајте неправилни топчиња и секое црнотопче спојте го со бело топче.
  7. Печено шарено колаче7.Наредете ги на тава за печење со поголемо растојание и печете ги на 180 степени околу 10 до 12 минути, внимавајќи белото тесто да остане бело.