Вкусен традиционален десерт и идеален за секаква пригода. Важи правилото дека баклава никогаш не се одбива, а верувајте оваа наша варијанта не само што нема да ја одбиете туку ќе побарате парче плус.
Една поинаква баклава
By December 19, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 50 mins
Вкусен традиционален десерт и идеален за секаква пригода. Важи правилото …
Ingredients
- 500 г готови кори (за баклава)
- 3 јајца
- 120 г гриз
- 120 г шеќер
- 125 г путер
- 400 г ситно сечкани ореви
- 100 г сушени брусници (или суво грозје)
- 500 г шеќер (за шербет)
- 500 мл вода (за шербет)
- 50 мл сок од лимон (за шербет)
Instructions
1.Путерот растопете го. Оревите измелете ги или ситни исечкајте ги. Белките со прстофат сол изматете ги за да добиете цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќер и додадете гриз. На крај, измешајте ги двете смеси.
2.За добар визуелен изглед на баклавата, најпрвин пребројте ги корите. Ако има 20, поделете ги на пет дела а филот и оревите на четири дела.
3.Плехот за готвење намачкајте го со путер. Ставете еден ред кори (4 кори), намачкајте ги со растопен путер и ставете од претходно подготвениот фил од јајца и гриз.
4.Наросете од исечканите ореви и сувото овошје па ставете ред кори(4 кори).
5.Повторно корите намачкајте ги со растопен путер и постапката повторете ја.
6.Откако се ставени сите редови, задолжително баклавата исечете ја во форма по ваша желба ( а да може откако ќе се испече да го впие шербетот). Печете на 180 степени околу 30 минути.
7.Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не добиете фин сируп. Накрај, додадете лимонов сок и парчиња лимон.
8.Баклавата додека е се уште топла, прелијте ја со шербетот. Оставете ја да го впие и фрлете се на јадење.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна