Со малку фантазија и малку состојки по желба на вашите најмили, ќе добиете нешто сосема ново, интересно и пред се вкусно, нешто за што од вашите најмали дегустатори ќе добиете најубави пофалби. И за да бидете комплетни, заменете ги солените со рендано чоколадо, пченкарни или оризови снегулки,малку слатка павлака… и ќе добиете и вкусен десерт.
Една сосема поинаква пица
By January 21, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 35 mins
Со малку фантазија и малку состојки по желба на вашите најмили, ќе …
Ingredients
- 500 г готово лиснато тесто
- 200 г кашкавал (рендан)
- 150 г салама (сечкана)
- малку кечап или сос од домати
- малку оригано
Instructions
1.Од хартија исечете квадрат со димензија 10 х 10 см. На два агла по дијагонала, на оддалеченост од 1 см од рабовите на квадратот, обележете и засечете во форма на латинична буква Л со димензија на краците по 4 см.
2.Расукајте го тестото, поставете ја хартиената слика и според неа, лиснатото тесто исечете го на квадрати со засечени рабови. Префрлете го десниот засечен дел на левата страна, а левиот на десната.
3.Филувајте ја внатрешноста по желба,со солени или благи додатоци,поставете ги подготвените пици на плех со хартија за печење,по желба премачкајте ги рабовите со изматено јајце или стопен маргарин и печете на температура од околу 170-180 степени. Времето на печење прилагодете го според вашата рерна.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна