Ова е една супер лесна верзија на познатата овчарска пита која е особено погодна ако имате остатоци од печено или варено месо. Истото можете да го направите и во малку пооригинална верзија со користење на мелено месо, но тоа ќе треба малку да го запржите пред да го печете. Добар апетит!

Едноставна овчарска пита

By Гастронаутка Published: January 24, 2014

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 1 hr 15 mins
  • Ready In: 1 hr 25 mins

Ова е една супер лесна верзија на познатата овчарска пита која е особено …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 180 степени и со путер или масло убаво премачкајте го тавчето за печење (најдобро да биде керамичко или стаклено).
  2. 2.Во подлабок сад измешајте ги парчињата месо, грашокот, 60 мл од павлаката за готвење, сосот од домати, и зачините. Истурете ја смесата во подготвеното тавче.
  3. 3.Во истиот сад изматете го јајцето со вилушка, додадете го остатокот од павлаката, сол и пипер, брашното и изренданите компири. Убаво измешајте и распоредете врз смесата со месо.
  4. 4.Покријте го тавчето со алуминиумска фолија или капак, и печете околу 1 час или додека компирите не омекнат. Потоа откријте го тавчето и печете уште 15-тина минути додека да се добие убава златеста боја.