Валентина денеска не почасти со рецепт кој е супер едноставен. Ефтин за приготвување, но тоа не значи дека има компромиси кога станува збор за вкусот. Супер десерт за сите генерации.
Едноставни обланди
By March 6, 2013
Published:Валентина денеска не почасти со рецепт кој е супер едноставен. Ефтин за …
Ingredients
- 1 пакување големи кори за обланди
- 8 jајца
- 16 лажици шеќер
- 200 г шеќер во прав
- 300 г плазма кекси (мелена)
- 375 г путер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 лажици какао
- прстофат сол
Instructions
- 1.Се матат осумте жолчки со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Се продолжува да се мати на пареа с`е додека смесата не се згусне (кога ќе се помине со лажица низ смесата да се познава трага). Се остава да се олади.
- 2.Одвоено се мати 250г од путерот, а потоа во него се додава оладената смеса со жолчките.
- 3.Осумте белки со солта се матат во цврст снег. Се додава кристал шеќерот и се мати с`е додека тој речиси целосно не се стопи во снегот. Одвоено се мати остатокот од путерот (75 г.) па на крајот се спојува с`е заедно. Се додава мелениот Плазма кекс и какаото, па со шпатула лесно се премешува за смесата да се изедначи.
- 4.Листовите за обланди се филуваат наизменично со темниот па со светлиот фил. Одозгора се поклопуваат со нешто тешко и така се оставаат најмалку 3-4 часа или преку ноќ.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна