Пикантен мирис на зачинето тазе лепче. Арома која како дете ме вадеше од кревет, знаејќи дека мајка ми подготвува појадок. Зошто и вие да не ги изненадите вашите најблиски некое утро. Верувајте, ќе изрипаат од кревет и ќе бараат репете. 🙂
Едноставно лепче со лук и зачини
By July 24, 2012
Published:Пикантен мирис на зачинето тазе лепче. Арома која како дете ме вадеше од …
Ingredients
- 550 гр брашно
- 230 мл вода (топла)
- ½ пакетче свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- ½ лажичка сол
- 120 гр путер
- 1 лажица оригано, рузмарин (или босилек)
- 1 лажица буковец
- 2-3 чешниња лук
- 2 лажици крупна сол
- малку црн пипер
- малку маслиново масло
Instructions
- 1.Во сад ставете малку млака вода, додадете малку брашно, ½ лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го малку да нарасне.
- 2.Во меѓувреме растопете го путерот, додадете сол, оригано, сечкан лук, мајчина душичка и убаво измешајте.
3.Во друг поголем сад ставете го остатокот од водата, додадете брашното, квасецот, путерот и убаво мешајте додека не добиете хомогена маса. Оставете го тестото да нарасне убаво (барем дупло).
4.Нараснатото тесто уште малку замесете го и префрлете го во подлабок сад (тенџере). Со нож засечете го горниот дел од тестото во форма на крст. Налејте маслиново масло на дното на тенџерето и на самото тесто и попрскајте со крупна сол и буковец.
5.Печете на 230 степени во загреана рерна околу 30 минути со капак, па намалете на 200 степени, отстранете го капакот и печете уште 10-15 минути. Пред консумирање, оставете го тесто да се олади.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна