Штотуку извадени од рерна и речиси излапани до едно…. Рецепт кој не го препорачуваме на оние кој одлучиле да внимаваат на својата диета. А за оние останатите, слободно подгответе дупла доза, нема да зажалите 🙂
Еклери
By September 19, 2015
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 40 mins
Штотуку извадени од рерна и речиси излапани до едно.... Рецепт кој не го …
Ingredients
- 200 г брашно
- 6-7 јајца
- 300 мл масло за готвење
- 350 мл вода
- прстофат сол
- 1200 мл млеко (состојки за фил)
- 4 јајца
- 200 г шеќер
- 8 лажици густин (околу 90 г.)
- малку шеќер во прав (за посипување)
Instructions
1.Во сад, на оган, оставете водата, маслото и солта да зовријат.
2.Тргнете го садот настрана и додадете брашно мешајќи постојано со дрвена лажица.
3.Оставете смесата да се олади (но не потполно) и во неа додадете ги јајцата едно по едно.
4.По потреба, ако јајцата се мали, додадете уште едно јајце. Мешајте се додека смесата не се хомогенизира.
5.Со кујнски шприц или пак со лажиче, од смесата вадете топчиња и редете ги на плех (5 реда по 4 топчиња). Потребно е да оставите поголемо растојание бидејќи при печење еклерите растат.
6.Печете во добро загреана рерна на 230С, околу 20-25 минути или се додека еклерите не поруменат. Запомнете! Во текот на печењето РЕРНАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОТВОРА.
7.Од млекото извадете една чаша и ставете го на оган заедно со шеќерот да зоврие. Во меѓувреме, во чашата со млеко ставете ги јајцата, густинот, добро измешајте и сипете ја во зовриеното млеко. За да нема грутчиња, мешајте постојано се додека не згусне.
8.Зовриениот крем тргнете го настрана, покријте го со пластична фолија (за не се добие кора) и оставете го да се олади.
9.Испечените и оладени еклери пресечете ги со горниот дел да дојде како капаче и внатрешноста филувајте ја со оладениот крем.
10.На крајот, по желба, секој еклер посипете го со шеќер во прав или прелијте го со чоколадна глазура.