Пралините за мене се сменет облик на убаво чоколадо со додадено полнење по желба. Поради ова, не сакам да губам премногу време и трпение за нивната подготовка, па самата си смислив брза подготовка – ни порача нашата читателка Валентина Крстевска. Инаку, ние ептен ги бендисавме, а се надеваме дека ќе ви се допаднат и на вас.

Експрес пралини

By Валентина Крстевска Published: February 14, 2013

    Пралините за мене се сменет облик на убаво чоколадо со додадено полнење …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Можете да подготвите разни видови чоколадо, јас овде користев црно, бело и кувертура.Соодносот за мешање на чоколадото со масло е на секои 100гр. чоколадо во садот, по 3 лажици масло.
    2. 2.Чоколадите по ваш избор,стопете ги во сад на пареа, притоа внимавајте садот со чоколадото да биде буквално на пареа,а не да се допира со дното во врелата вода,бидејќи тоа создава грутчиња во чоколадите.
    3. 3.Во силиконски калап, додајте мало количество од чоколадото и оставете го калапот најмалку 30 минути во замрзнувач.
    4. 4.Со многу мало лажиче,додајте од намазот на средината од секое формиче во калапот и внимавајте намазот да не ги допира ѕидовите (нема да дозволи покрај него да се разлие чоколадото, па тоа го расипува изгледот на пралините(се разбира, за среќа не и вкусот :)
    5. 5.По кратко чување во замрзнувач, во формите додајте го и вториот слој чоколадо, уште еднаш замрзнете и готово, послужете ги оние кои најмногу ви значат со вкусните пралини, и некој ваш омилен пијалок.