Ако случајно решите да се тетовирате, Емилија е девојката која ќе ви помогне своето тело да го претворите во малa уметничка галерија. Важи за еден од најкреативните тату артисти каде се оди ако сакате нешто повеќе од обична тетоважа. Поради рејтингот кој го ужива често и се случува да работи со часови и да рипне и по неколку оброци.

Но, тоа не значи дека не ужива во секој момент поминат во интимно дружење со храната. Љубител сум на вкусови и максимално си уживам во секој оброк. Слободното време го користам да јадам колку што можам. Со оглед на мојот апетит, среќа е што немам многу слободно време, бидејќи досега ќе изгледав како сумо борач.

Омиленa храна и се похованите нешта и млечните производи. Најголема слабост и се кашкавалите и сирењата. “Не постои храна во која не можам да вметнам млечни производи. Сирењето го комбинирам со ориз, леќа, грав, мусака итн. Од поопасните пороци без кои не можам е кромидот. Сладок порок ми се Рафаело бомбоните, а омилена пијачка ми е Џек Даниелс и Бејлис ликер.

Омилена национална кујна без конкуренција и е македонската. На врв на топ листата и се полнети пиперки и мусака. Покрај нашата домашна кујна сака и кинески и мексикански јадења, поради што нема проблем со зачинетата храна и пикантните вкусови.

Конкретен предлог рецепт за идеална романтична вечера нема. Најромантично нешто за мене е кога дечко ми ми готви. Без оглед дали е јадење од рерна, паста или можеби само супа. Се топам кога ќе го видам зад кујнскиот шанк и воопшто не ми е важно што се готви. Се ситам дури и за време на готвењето.

Ако ве покани на ручек побарајте од неа да ви направи лазањи. Нема конкретен рецепт, но како што самата се пофали иако постојано импровизирана никогаш ги нема утнато.

Најгрозно нешто што досега пробала е пица со морски плодови. Се обидував да замислам дека тоа се печурки, маслинки и слично за да можам да внесам барем едно парче, ама не ми успеа. Имав мала психичка траума и мислам дека никогаш пак не би пробала морски плодови.”

Мени

Доручек.. најчесто геврек во комбинација со сирење или зденка и домати….често се случува од брзање наутро да го прескокнам појадокот.

Ручек…. и ручекот често ми изостанува. Ручек имам само во недела и најчесто тоа е нешто домашно зготвено. Иако одамна не сум јадела, сакам за ручек полнети пиперки, мусака и домашна супа

Вечера …. вечерата што ја прави дечко ми ми е најомилена!