Освежувачки, а богами и богат летен пијалок… Можете со него дури да замените и некој појадок (што баш и не го препорачувам), ама за ужина е дефинитивно супер.
Б&Б Милкшејк
By October 4, 2012
Published:Освежувачки, а богами и богат летен пијалок... Можете со него дури да …
Ingredients
- 1 банана
- 1 супена лажица бадеми
- 2 супени лажици ленено семе
- 250 мл млеко
- 1/2 кафена лажичка мед
- малку екстракт од ванила
- маку печени бадеми и ленено семе (за украсување)
Instructions
- 1.Пресечете ја бананата на парчиња дебели околу 1 см, наредете ги парчињата на пластична даска или во кутија (да не бидат едни врз други) и ставете ги во замрзнувач.
- 2.Заппечете ги малку бадемите (може неколку минути во микробранова печка) и ставете ги во блендер или во машинка за мелење кафе. Мелете подолго (околу 10-15 минути) додека не се претворат во каша. Ќе се добие смеса слична на путер.
- 3.Откако бананите ќе смрзнат (доволно е околу еден час), ставете ги сите состојки во блендер и мешајте се додека смесата не се соедини.
- 4.Истурете ја смесата во висока чаша и исрскајте со малку запечени парчиња бадеми и ленено семе.