Овој тип на пијалоци кои се подготвуваат од различни типови на свежо овошје измиксирани во блендер се познати под терминот “smoothies.” Постојат мал милион рецепти, а ние денес ви го презентираме еден од нашите омилени, со праска и манго.
Енергетски пијалок со манго и праска
By May 19, 2014
Published:Овој тип на пијалоци кои се подготвуваат од различни типови на свежо …
Ingredients
- 2 праски
- 2 манга
- 150 мл овошен јогурт (од праски)
- неколку свежи малини (за декорација)
Instructions
1.Праските и мангото измијте ги, излупете ги исечкајте ги на коцкички. Овошјето ставете го во замрзнувач за да се стегне.
2.По еден час исечканото замрзнато овошје ставете го во блендер. Додадете го овошниот јогурт и по желба неколку коцки лед. Убаво измиксирајте додека не добиете фина смеса.
3.Овој пијалок најдобро е да се пие веднаш. Ние ставивме неколку малини како декорација. Изгледа совршено нели? Верувајте и вкусот е одличен. На здравје.